Торта од пуслици и овошје

од desk2
144 прегледи

Оваа интересна торта освен со својот изглед, ќе ве привлече и со извонредниот вкус и совршената комбинација на јагоди и крем.

Нејзината едноставна подготовка ќе биде само уште една од причините заради што таа веднаш ќе ви стане омилена.

Прочитајте што ви е потребно и погледнете го видеото за работите да ви станат појасни.

Состојки:
6 бели јајца
1 ¾ чаша шеќер
2 лажици пченкарно брашно
2 чаши слатка павлака
1 чаша шеќер
Начин на подготовка:
1. Во поголем сад изматете ги белките од јајцата додека не добиете цврст крем.

2. Во помал сад измешајте ги шеќерот и пченкарното брашно.

3. Постепено (поделете го на 5 дела) додавајте шеќер во изматените белки. Штом на врвот од белките се создаде цврст врв оставете ги настрана.

4. Печете 1 час на 135°С, а потоа исклучете ја рерната и оставете тестото од белки да отстои уште 1 час во топлата рерна или додека рерната целосно не се олади.

5. Изматете ги шеќерот и слатката павлака додека не добиете цврста смеса.

6. Внимателно наредете го секој слој торта со крем и јагоди.