Филмот „120 отчукувања во минута“ во кино „Милениум“

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Францускиот филм „120 отчукувања во минута“ на режисерот Робин Кампиљо (Мароко, 1962) од вчера е на репертоарот на кино „Милениум“. Филмот беше фаворит на Канскиот филмски Фестивал, не доби „Златна палма“, но освои Гран-при на фестивалот.

Филмот е чувствителна историска драма заснована на личните искуства на сценаристот и режисерот со група активисти од „Act Up” во  1990-тите години во Париз. Посветен е на ХИВ-позитивните луѓе и нивните пријатели кои водеа мирни протести против фармацевтската индустрија и политичарите.

Приказната го следи Нејтан, кој во текот на деведесеттите години од минатиот век се придружува на група париски активисти кои се занимаваат  со превенција од ХИВ-вирусот. На неделните состаноци на организацијата тој открива членови кои преферираат радикален пристап кон протестите.