Туск: Прерано е да се зборува за успех

од desk4
161 прегледи

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека е “премногу рано да се зборува за успех” спрема тешко извојуван  договор за миграцијата и предупреди дека има уште многу работа за да биде сигурно дека зделката ќе проработи.

“Што се однесува до договорот за миграција, се уште е рано да се зборуваме за успех. Ние успеавме да постигнеме договор, но тоа е беше најлесниот дел во споредба со она што не чека на место кога ќе се обидеме да го исполниме “, изјави Туск по горчливите  разговори меѓу лидерите на ЕУ. Германија од своја страна, рече дека е постигнат  договор со Грција и Шпанија да ги приберат мигрантите регистрирани во нивните земји, како тоа  да е дел од планот на канцеларот Ангела Меркел да се задржи коалицијата. “Грција и Шпанија се подготват да прифатат азиланти кои се фатени на германско-австриската граница и кои  биле регистрирани во овие земји”, велат германските власти. Од своја страна, Франција денес објави дека нема да прифати формирање на центар за регистрација на мигранти на нејзината територија. “Франција не е земја на прво пристигнување. Заради тоа ние нема да отвориме миграциски  центри од овој тип”, изјави Макрон. / АФП