Уште во мај се зборуваше дека Instagram ќе почне да им дозволува на корисниците да додадат „саундтрак“ на содржината што ја објавуваат во „Stories“, а сега тоа веќе е факт.

Додавањето на музика е брзо и лесно и може да се избере пред или по снимањето на видео. Песната ќе се пушти при гледањето на видеото на корисникот, со додаден стикер со името на изведувачот и песната.
Саундтракот го избираме преку икона за музика, која излегува при вообичаените стикери за уредување. Со притискање на неа, влегуваме во музичка библиотека, каде што илјада песни може да се пребаруваат за најсоодветната, по расположение, жанр или популарност.
Завршената „приказна“ може да се гледа со музика пред да биде пуштена, а исто така може да се поместува напред и назад за да започне песната во одреден момент во видеото.
Засега, функцијата за избор на песна пред снимање видео е достапна само за iOS, но наскоро ќе биде вклучена и во верзијата на Android.