102
Натпреварот со Франција беше последен за еден од најискусните играчи на Аргентина, Хавеир Маскерано.
Тој по поразот од „триколорите“ во осминафиналето на Мундијалот, објави дека се повлекува од репрезентацијата.
– Од овој момент јас сум само обичен навивач на Аргентина и се надевам дека момците ќе можат да направат нешто во блиска иднина, изјави 34-годишниот фудбалер.
Маскерано забележа 147 настапи за Аргентина, има две олимписки злата, но загуби пет големи финалиња, едно на СП и четири шампионати на Јужна Америка.