Надал: Не сум во Лондон само за да учествувам, туку за да постигнам добар резултат

од desk4
107 прегледи

Рафаел Надал не играше на ниту турнир на трева пред „Вимблдон“, но првиот рекет во светот ќе го започне самоуверен најпрестижниот тениски турнир. Двократниот шампион во Лондон неодамна го освои „Ролан Гарос“ за 11-ти пат и се надева дека ќе пренесе добрата форма на земја и на трева во Велика Британија.

„Очекувањата секогаш се големи. Не сум тука само за да учествувам, туку за да постигнам добар резултат, изјави Шпанецот.

„Ова е еден од турнирите, на кои пристигнуваш и немаш поим како ќе се чувствуваш, како ќе играат“, вели тој

Надал не го започнува „Вимблдон“ без официјални натпревари на трева за прв пат. За него, тоа е дел од предизвикот: „Дури и да изиграш три натпревари, пристигнуваш и не знаеш во каква форма си на трева. Тука треба да ја пронајдеш играта за време на турнирот и на тренинзите во текот на неделата пред него. Кога пристигнав на „Ролан Гарос“ во голема мера знам дали играм добро или не. Знам какви се моите шанси. На Ју Ес Опен помалку, но сепак повеќе отколку тука“.

Сепак, Рафа пристигнува во Лондон самоуверен за 13-тото учество на игралишта на „Ол Ингланд Клубот“. 32-годишниот Шпанец има 30 победи и само 2 порази од почетокот на сезоната, откако тоа доведе до четири титули.

„Се чувствувам добро. Ова е посебен турнир. Секогаш сакам да играм тука. Не беше добро што не играв во Квинс. Не отидов таму, бидејќи играв многу на земја. Веќе немам 20 години. Треба да земам одлуки во врска со тоа на кои турнири да учествувам. Моето тело има потреба од одмор, имаше потреба од адаптација кон тревата“, објаснува Надал.

Рафа се надева дека ќе испорача добри резултати. Во првиот круг тој ќе се соочи со ветеранот од Израел, Дуди Села, против кого нема загубен сет во двата натпревари во кои играл против него. Шпанецот се претставуваше одлично во првиот дел од својата кариера, но не стигнал подалеку од осминафиналето на „Вимблдон“ од 2011 година, откако на неколку пати допушти шокантни порази од играчи кои се наоѓаат надвор од топ 100.

Но, тој јасно се сеќава на титулата во 2008 година, а на „Ол Ингланд Клуб“ одбележува десет години од најјголемото финале на Вимблдон. Тогаш во епски натпревар во 5 сета Рафа го победува Роџер Федерер и ја освојува првата Гренд слем титула, која не е од „Ролан Гарос“. Натпреварот беше еден од главните моменти во ривалството меѓу двата гиганти во тенисот. За Надал, значењето е повеќе лично. По овој успех, тој стигна до триумфи во Австралија и Њујорк, а сега има 17 Гренд слем титули.

„Се разбира, овој момент, тоа финале беше многу важен чекор во мојата кариера. Секогаш сум велел дека најверојатно тоа е најемотивниот натпревар во мојата кариера. Да победам тука беше еден од моите соништа. Личното задоволство тешко може да се споредува со нешто друго. Тоа беше одлично“, рече Рафа.

Запрашан што се променило во последните 10 години, Надал одговори: „Постар сум и моите нозе натрупаа доста километри. Важните работи во мојот живот не се променија многу. Во однос на тенисот, требаше да ја менувам малку играта во овој период. Сега тоа финале ми изгледа одамна. Добро е што уште сум тука. Задоволен сум од тоа“.

Слични содржини