Се бориме за правда и мир, а тоа значи и неселективна примена на законите и подеднаков пристап кон сите кои ги прекршуваат правилата.

Вчера беше спроведена заедничка акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд. Целта беше да се превземат мерки против оние кои на било каков начин ги прекршуваат законите и со своите постапки го загрозуваат јавниот ред и мир.
Ноќните клубови се места за забава, но мора да бидат безбедни, а законот важи еднакво за сите.
Полицијата нема воопшто употребено сила, а акцијата е спроведена според прописите и правилата.
Ги повикувам граѓаните да пријават во МВР доколку се соочиле со несоодветно однесување на полицијата – веднаш ќе реагираме согласно процедурата.
Безбедноста на граѓаните е на прво место! , порача до јавноста министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски