Во центрите на американските и британските градови се затвораат малите дуќани, а големите трговски синџири – банкротираат.

За малопродажната апокалипса од сите причини стручњаците од инвестициската банка Goldman Sachsa најмногу ги наведуваат миграцијата на класичната трговија на мрежата, а британскиот советник за малопроажба Ричард Хејман вели:
„Не осчекуваат големи социјални и економски промени. Она што денес се случува со нас и со Американците, ќе им се случи на сите развиени економии, затоа што онлајн трговијата го јаде малопродажниот сектор.
Приградските шопинг центри се празни, а нервозата се шири и на трговски синџири во ЕУ.
Една од главните причини за кризата е „влијанието на Амазон“ – е-трговијата го јаде шопингот каков што до сега го познававме.
До крајот на годината традиционалните американски трговски синџири, Sears, Wallgreen и Gap ќе затворат 11.000 продажни места. Затворање на продавниците напавија JC Penny и некогаш најголемата стоковна куќа на светот Macy’s. Само минатата година во САД банкротираа десе малопродажни синџири, пренесе Tportal.
Со банкрот заврши и играта за кралот на детските играчки Toys’R’Us со 1.600 продажни места и со 64.000 вработени. Минатата година во Америка без работа останаа 89.000 продавачи, а се предвидува дека до крајот на 2018 година ќе се затворат 9,8 милиони квадратни метри трговски простор.
Во Обединетото кралство лани исто така затворени се рекордни 5.800 продавници, а британскиот Центар за истражување на малопродажбата предвидува дека до истекот на годинава ќе се затворат уште 10.000.
Во американските и британските познати шопинг улици, нивните Цветни плоштади и Westgate-ови, повеќе излози зјаат празни.
Во некогашните преполни шопинг зони се вселуваат дуќани од типот „се за 1 долар или фунта“, но и тие суперевтини синџири се порат за купувачи.
Додека Америка ја живее „малопродажната апокалипса“, а во Британија зборуваат за „крај на трговските зони“ во градските средини, нервозата расте и се шири и во трговските синџири во ЕУ, па и познатиот германски Karstadt проживува вистинска агонија.
Трговците во цврсти продавници од цигли, стакло и челик ги стигнува „влијанието на Амазон“.
Сериозни затворања во САД и Британија почнаа на почетокот на оваа деценија како резултат на онлајн шопингот и е-продавниците, но малку кој веруваше дека интернетот толку брзо ќе го смени начинот на купување на каков сме навикнале. Е-продавниците во САД растат со стапка од неверојатни 15 до 20 отсто годишно.
Но, е-конкуренцијата е само еден дел од проблемот на малопродажбата. Америка последните децении ја премрежија огромни шопинг центри.
Но, по големата рецесија вројот на оние кои одат во центри се преполови од 2010 до 2013 година. За тоа придонесе и тоа што Американците станаа пoштедливи и големата инфлација на шопинг центрите.