Сиетл воведе забрана за сламки и пластичен прибор за јадење

од desk2
168 прегледи

Сиетл стана првиот американски град во кој се забранети сламките за пиење и пластичниот прибор за јадење. Според новите прописи, компаниите не смеат да нудат пластични сламки и прибор за јадење и мора да пронајдат алтернативи.

 

Овој потег следел по една деценија откако Сиетл вовел пропис според кој се бара приборот за еднократна употреба да биде разградлив и подложен на рециклирање.

Како што пишува “Seattle Times”, компаниите кои нема да ги почитуваат прописите ќе се соочат со казна од 250 долари.

Доколку на поединци им се потребни сламки од медицински причини, на нив ќе им бидат обезбедени посебни флексибилни пластични сламки.

Земјите ширум светот пробуваат да најдат начин за решавање на зголемениот пластичен отпад во океаните. Според некои податоци, во стомаците на 71 отсто од водните птици и 30 отсто од желките е пронајден некој вид на пластика.

“Guardian” претходно објави дека секоја година, британските водечки супермаркети произведуваат повеќе од 800 илјади тони пластичен отпад.