Вистински трилер беше последниот осминафинален дуел на Мундијалот 2018.
Англија ја победи по пенали Колумбија со вкупни 5:4 на „Откритие Арена“ во Москва. Регуларното време на средбата заврши 1:1, а при пеналите Даер го одбележа последниот пенал за „трите лава“.
Урибе и Карлос Бака ги промашија ударите за колумбијците, а Џордан Хендерсон исто така пропушти за тимот до Островот.
Успехот е исклучително важна за психата на „трите лава“, кои дефинитивно немаат успех во историски план при извршувањето на пенали. По 1990, 1998, 2006, Англичаните конечно постигнаа триумф по пенали на Светските првенства.
По овој успех Англија ќе измери сили во четвртфиналето со Шведска, кои претходно денеска ја победија Швајцарија со 1:0.
Победникот од оваа двојка ќе игра против победникот од дуелот Хрватска и Русија.
https://youtu.be/eax5CoFl828