Единаесет сообраќајни полицајци од Кикинда се уапсени поради сомнение дека примале мито и ја злоупотребиле службената должност.

Полицајците на возраст од 30 до 40 години се уапсени по налог на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.
Се сомничат и дека вршеле преквалификации на прекршоците па сообраќајните прекршители биле поблаго казнувани.
По налог на обвинител одреден им е притвор од 48 часа.