Анкетата спроведена од Универзитет „Квинипек“ укажува дека речиси половина од Американците сметаат дека претседателот на САД, Доналд Трамп е расист.
Според резултатите од анкетата, речиси половина од испитаниците, или 49 отсто оцениле дека претседателот е расист, додека 47 отсто сметаат дека не е.
Останати резултати од оваа анкета потврдуваат дека 58 проценти од испитанциците не се согласуваат со миграциската политика на Трамп.
Од друга страна, 50 отсто укажуваат дека главниот мотив на миграциската политика на Трамп е „искрен интерес за контрола на нашите граници“, додека 44 отсто оцениле дека главен мотив се „расните убедувања“.
– Резултатие се удар за миграциската политика на претседателот Трамп, изјави Тим Малој, заменик-директор на одделот за анкети на Универзитетот „Квинипек“.
Според него, за гласачите одлуката да се разделуваат децата миграни од нивните родители било потресно искуство.
Според анкетата, 60 отсто испитаниците изјавиле дека оваа практика била прекршување на човековите права, додека 80 отсто сметаат дека Администрацијата на Трамп е одговорна за враќање на децата кај нивните родители.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Трамп постојано користи расистички и ксенофобични искази во своите говори. Така на пример, тој сугерираше дека од Мексио во САД пристигале „силувачи и криминалци“ или дека насилството во Шарлотвил лани, кога движењето за супериорност на белата раса организираше марш и загина едно лице, било проблем на „двете страни“.
Трамп во една прилика изјави дека црномурестста демократска конгресменка Максин Вотерс била „личност со многу низок коефициент на интелигенција“.
Во одговор на анкетите кои потврдуваат несогласност на гласачите со неговата мигрантска политика и согласност дека тој е расист, Трамп инсистира дека тој не само што не е расист туку во негов типичен манир на претерување, укажува дека е „најмалку расист од сите останати луѓе“.