Група граѓани организирани преку социјалните мрежи вечерва пред Собранието протестираа против Договорот за името со Грција. На протестот се слушаа патриотски песни, а говирниците ја повикаа опозициката ВМРО-ДПМНЕ „да расчисти со криминалот во своите редови“ и да ги поддржи протестите пред Парламентот против договорот за името со Грција. Тие порачаа дека процесот за промена на иемто на државата не е легален, односно противуставен.

Тие исто така рекоа дека договорот што го склучила Македонија со Грција е „срамен и капитулантски и дека и покрај тоа нема да биде променето името на земјата, а Македоинија нема да стане членка ниту на НАТО, ниту на Европската унија.
Инаку денеска, Без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како и на претходната седница, Собранието повторно ја изгласа ратификацијата на договорот со Грција за името./RSE