САД негираат дека го ублажиле курсот кон Северна Кореја

од Vladimir Zorba
98 прегледи

  Стејт департментот на САД ги отфрли денеска тврдењата дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп го олабавила својот став во однос на Северна Кореја, во моменти кога државниот секретар Мајк Помпео отпатува за Пјонгјанг, каде ќе  разговара за денуклеаризацијата.

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт изјави дека американската политика не е сменета.

САД остануваат цврсто на позицијата за денуклеаризација на Северна Кореја, рече таа.

Помпео утре треба да пристигне во Пјонгјанг. Иако се појавија во медиумите тврдења дека Северна Кореја продолжува со нуклеарната програма, Трамп неделава напиша на Твитер дека преговорите со Северна Кореја „одат добро”.

Слични содржини