Промовирана книгата „Нашето националистичко пијанство“ од историчарот Литовски

од desk4
126 прегледи

  Општинската организација на Сојузот на борци од Битола синоќа во рамки на Битолското културно лето „БитФест“ ја промовираше книгата „Нашето националистичко пијанство“ од историчарот Александар Литовски.

Во книгата се публикувани 170 колумни пишувани во период од две години, односно од мај 2015 до мај 2017 година кои Литовски ги објавил во неколку национални печатени медиуми.

– Објавените колумни во книгата се со истиот текст, без да ги дотерувам или пак преправам, затоа што било каква интервенција ќе ги обезвреднеше, ќе им ја одземеше нивната документарност, оти тие се своевидна хроника за Македонија во едно време. Современиците на овие текстови на кои сеуште им се свежи сеќавањата за настаните во државата се надевам дека нема да дозволат неправдите и редукции на слободите да ни се повторат. На идните генерации, се надевам дека книгата ќе им биде четиво за предупредување од опасности, истакна Литовски на промоцијата.

Книгата „Нашето националистичко пијанство“, чиј издавач е издавачката куќа „АЗ-БУКИ“-Скопје, ја промовираа Љубица Јанчева и Ѓунер Исмаил.