Вечерва со почеток од 21 частот во Сули ан ќе се прикажува филмот „За телото и душата“ на авангардната режисерка Илдико Енједи.

ЗА ТЕЛОТО И ДУШАТА
ON BODY AND SOUL (2017), Унгарија
драма / траење: 116 минути
сценарио и режија: Илдико Енједи
улоги: Геза Моршани, Александра Борбели, Золтан Шнајдер,…
Награди: „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал, номинација за Оскар за најдобар странски филм, награда за најдобра актерка и 3 номинации за Европските филмски награди.

А, утре вечер, 17.07.2018, вторник, ќе се прикаже филмот „Откачени трудници“, со почеток во 21:00 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.
ОТКАЧЕНИ ТРУДНИЦИ
BABY BUMP(S ) (2017), Франција
комедија / траење: 94 минути
режија: Ноеми Салио
улоги: Жилиет Бинош, Камил Котин, Ламберт Вилсон,…