Сценарио напишано од Стенли Кјубрик и неговиот соработник Калдер Вилингам во 1956 година, под наслов „Burning Secret”, е пронајдено сосем случајно од страна на Британската филмска академија, при собирање податоци за класиката на Кјубрик, „Очи широко затворени“.
![]()
Се работи за адаптација на романот „Пламена тајна“ на Стефан Цвајг од 1913 година, кој Кјубрик никогаш не го преточил во филм.
– Текстот е на над 100 страници, и е завршен. Има почеток, заплет и крај. И, не сме сигурни дека ова е единствено досега непознато сценарио на Кјубрик, изјави Нејтан Ејбрамс, професор на велшкиот Бангор Универзитет.
Приказната веќе еднаш е преработена во филм, во 30-те години на минатиот век.