Татко и ќерка загинаа од апарат за молзење крави

од desk2
116 прегледи

 

Јована А. (15) и нејзиниот татко Срѓан А. (47), од едно село во близина на Лесковац, Србија, загинаа од неисправен апарат за молзење крави, соопшти српската полиција.

Имено, тие се однесени во болницата во Лесковац со последици од струен удар.

Најпрво починала ќерката, а потоа и таткото.

Се претпоставува дека ги убила струјата од неисправен апарат за молзење крави со оглед на тоа дека се најдени во шталата, покрај кравите и апаратот.

Во болница биле превезени без витални знаци, а и после сите обиди на лекарите, сепак било доцна.