Непотврдено преку 50 загинати, овеќе од 156 лица се повредени, а 11 посериозно.

Според спасувачите од Црвениот крст, во двор на таверна во населбата Мати, во источниот дел на областа Атика, биле пронајдени тела на 26 лица, објавуваат грчките медиуми
.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, спасувачот Андриопулос од Црвениот крст, за грчката телевизија Антена, рече дека во нивната акција бил пронајдени телата на 26 лица, мажи, жени и деца. Според неговото сведоштво, луѓето веројатно се знаеле меѓу себе, спасувачите ги пронашле прегрнати во неколку групи.
Претпоставките на спасувачите се дека луѓето тргнале кон морето за да се спасат, но на 30-40 метри оддалеченост, поради големината и јачината на огнените јазици, нивните обиди биле залудни.
ОБНОВЕНА: Расте бројот на загинатите во Грција- пронајдени нови 26 јагленосани тела
Доколку се потврдат информациите што доаѓаат од спасувачките екипи, тогаш бројката на загинати е над 50 лица
https://youtu.be/b2fMEVnvmXc
Најмалку 50 лица загинаа во пожарите во Грција , јави агенцијата ЕФЕ, цитирајќи ја грчката агенција за цивилна заштита. Властите бараат итна меѓународна помош за справување со катастрофата.
Повеќе од 156 лица се повредени, 11 сериозно.