ВМРО-ДПМНЕ има најмалку 13 црни сценарија во кои сака да ја турне Македонија

од desk4
180 прегледи

  СДСМ со соопштение за објаснување на блокадите на ВМРО ДПМНЕ. Ви го пренесуваме во целост:

Христијан Мицкоски во улога на раководител на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги брани криминалот и поделбите, со единствена мисија да го кочи напредокот на Република Македонија.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат најмалку 13 црни сценарија во кои сакаат да ја турнат Македонија.

1. ВМРО-ДПМНЕ сака Македонија да остане изолирана и затоа се обидува да го кочи пристапувањето во НАТО и ЕУ.

2. ВМРО-ДПМНЕ единствено сака да се избори за амнестија за криминалот на фамилијата.

3. ВМРО-ДПМНЕ е навикнато да ги малтретира гласачите, па сака да го ускрати нивното право на референдум да одлучат за сопствената за иднината на државата.

4. ВМРО-ДПМНЕ не сака независни медиуми и затоа пред референдум го блокира носењето на Законот за медиуми.

5. ВМРО-ДПМНЕ сака небезбедни граници, конфликт и неизвесност, затоа е против НАТО и ЕУ.

6. ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во минатото и зборува само за небиднина, наместо за иднина.

7. ВМРО-ДПМНЕ си го бара минатото со партизирани институции каде администрацијата е под диктат, затоа се против европските реформи.

8. ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да се врати времето на Сваровски судството.

9. ВМРО-ДПМНЕ шири поделби и граѓаните ги дели на наши и ваши, на Македонци и неМакедонци.

10. ВМРО-ДПМНЕ жали по сомнителни иневститори како Субрата Рој.

11. ВМРО-ДПМНЕ поддржува насилство, и уште полошо, бара амнестија за насилниците од 27 април.

12. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и неговите ментори сакаат минато, за повторно нелегално да прислушуваат и да им дишат во врат на илјадници граѓани, се наведува во соопштението на СДСМ.