Галета со нектарини

од desk2
268 прегледи

Во летниот период кога праските се едно од главните овошја овој рецепт е одличен десерт.

 

Состојки

 

Тесто:

300 гр фино бело брашно

30 гр шеќер

150 гр путер

кора од портокал

1 белка (30 гр)

35 мл млеко

30 гр мелени бадеми

Oдозгора:

 

4 нектарини

2 големи лажици мармалад од сливи

кафеав шеќер според вкус

листови бадем за одозгора

1 жолчка

1 мало лажиче млеко

 

 

Подготовка

 

Прво подгответе го тестото, сите состојки треба да се соединат заедно и да се замесат во мазно тесто. Оставете да стои на ладно 30 минути. Додека тестото мирува, подгответе го останатото. Нектарините исечете ги на тенки парчиња или по желба.Припремете го плехот обложен со хартија за печење.Тестото растегнете го врз малку брашно во поголем круг со дебелина околу 1/2 см, ставете го врз плехот. Одозгора премачкајте го со мармалад, оставете околу 2 см ненамачкани на краевите, а одозгора наредете го овошјето.

 

 

Сега затворете ги краевите кон средината, малку затегнете, и се така во круг (како на сликата). Премачкајте ја целата галета со малку млеко и жолчката, наросете малку кафеав шеќер и листови од бадем одозгора и ставете ја да се пеше во веќе загреана рерна на 180 степени 20 минути.