Подгответе вкусна пита со блитва и фета сирење.

Состојки:
4 јајца
100 мл масло за јадење
150 мл млеко
250 грама брашно
1 кесичка прашок за печење
300 грама блитва
150 грама рендан кашкавал
150 грама фета сирење
150 грама чадена сланина
2 лажици кајмак
1 лажичка сол
Подготовка:
Прво изматете ги јајцата со миксер и додадете сол, потоа постепено со непрекинато матење додајте ги маслото за јадење, брашното, прашокот за печење и блитвата која претходно ке ја попарите во топла вода, па добро ќе ја исцедите. Потоа, ги додавате уште и ренданиот кашкавал, чадената сланина, која претходно ќе ја испржите, а на крај ќе го додадете и фета сирењето исечено на коцки.
Вака подготвената смеса ќе ја истурите во тава за печење (број 28). Тавата претходно ќе ја премачкате со маргарин. Печете во загреана рерна 30 минути на 200 степени, па откако ќе ја извадите питата од рерна, додека е топла премачкајте ја со кајмак и послужете.