Русите сметаат дека вегетаријанството е штетно

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Повеќе од една третина од возрасните Руси се на мислење дека вегетаријанството го оштетува човечкиот организам, пишува РИА Новости. Според една студија на Всерусискиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) токму младите Руси се оние кои најцврсто  ги отфрлат придобивките од безмесната диета.

Младите на возраст од 18-24 години, кои го идентификуваат вегетаријанството како штетно, се 50%. Само 20% сметаат дека таквата исхрана е здрава.

За 27% од испитаниците, сепак, вегетаријанството нема никакво влијание врз човечкиот организам.

Според резултатите од истражувањето, само 1% од руските државјани намерно одбиваат да консумираат производи од животинско потекло.

Истражувањето беше спроведено од BCIOM на 31 јули 2018 година меѓу илјада испитаници над 18 години.