Идентификувани неколкумина од учесниците во инцидентите во Крушево

од desk2
91 прегледи

Идентификувани се неколкумина од лицата, кои вчера ширеа говор на омраза и фрлаа со предмети кон владината делегација и странските дипломати, кои учествуваа на празнувањето на Илинден во Крушево, потврдија за МИА извори од истрагата.


Полицијата преку видеоснимки идентификувала неколкумина од учесниците во инцидентите и тие изутринава се повикани во полициски станици на разговор.

Изворите од истрагата за МИА нагласуваат дека откако таа ќе заврши сите сознанија ќе бидат доставени до надлежното обвинителство.