Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „ПРОТИВ“ од „ЗА“, порача премиерот Зоран Заев

Тоа едноставно значи дека премиерот Зоран Зaев референдумот го издига на ниво на нови предвремени избори и ѝ дава шанса на опозицијата и нездоволните од неговото владеење да го сменат под итна постапка.
Тоа значи дека на 30 септември тие кои се големите „патриоти“ за заштита на името и тие на ВМРО ДПМНЕ сега можат да гласаат против „предавникот“Зоран Заев и да го тргнат од позицијата премиер.
Заев очигледно е преголем оптимист и верува целосно во исправноста на своите политики, и уште повеќе верува дека е на страна на својот народ , идниата за МАкедонија преку договорот и декареферендумското изјаснување на граѓаните е многу повеќе поддршка и дека ќе се гласа ЗА.
Според него, добро е, не само за државата, туку и за ВМРО-ДПМНЕ да повика на излезеност на референдумот, а граѓаните да се изјаснат како што сакаат, да го направат својот избор и тоа јавно да се изброи и да се види за да нема шпекулации.
– Пред лидерите на политичките партии реков, ако сме за ЕИ и НАТО, ајде нашите партиски определби да ги ставиме на страна или во втор план, а државата да биде на прво место, истакна Заев, откако претходно информира дека на ВМРО-ДПМНЕ и поунудил да влезе во Владата за заедно да го „одработат“ референдумот, но опозициската партија одбила, останувајќи на барањето за амнестија.
ЕК за говорот на Иванов: Сите да обезбедат имплементација на договорот со Грција
– Дадов понуда до 2020 да бидам премиер, но подготвен сум да го споделам својот мандат со ВМРО-ДПМНЕ, да го одработиме рефередумот, но го одбија тоа. Им испратив покана да влезат во Владат додека не станеме полноправна членка на НАТО, до крајот на 2019, почетокот на 2020 година кога ќе почнат и преговорите со ЕУ. Но, готово е тоа сега, Го одбија предлогот. Беше речено дека само амнестија е интересот. Се бараше членот 353 и 165 од законот да се променат, истакна Заев во отвореното студиот на 1тв од Охрид.
Тој уште еднаш нагласи дека амнестија, директна или индиреткна, нема да има. Во текот на лидерските средби биле прифатени барањата на ВМРО-ДПМНЕ, законот за финансирање на политичките партии, законот за влада, а составот на ДИК бил договорен пред неколку месеци, а за да се постигне повеќе на опозцијата, рече, и понудил лепеза можности, кои значат одговорност на сите политички партии.
Заев на Мицкоски му понудил и, ако опозоцијата обезбеди 300.000 гласови против референдумот, може слободно да избере кога сака да има избори, но и тоа не било прифатено.
Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против“ од „за“, рече денеска премиерот Зоран Заев од отвореното студио на 1тв во Охрид.