Охридската група: Гласањето „за“ ќе биде глас за иднината: Вашата иднина

од desk4
103 прегледи

На 30. септември Вие ќе ја имате можноста да направите историски избор. Дали сакате да го отворите патот за членство на вашата земја во НАТО и во ЕУ со тоа што ќе го поддржите договорот со Грција? Ние, Охридската група, ве повикуваме да кажете Да, пренесува Плусинфо.

Ние сме група на искусни меѓународни државници, дипломати, армиски припадници и мислители кои биле длабоко инволвирани во помагањето на вашата држава во последните дваесет години. Многу од нас беа со вас во раните години на овој век, вклучително и во преговарањето на Охридскиот договор и бевме дел од последователните операции на НАТО. Ние сме горди што можевме да помогнеме во надминувањето на проблематичните времиња. Сите ние оставивме мал дел од нас во вашата убава земја, и затоа сега сите ние сакаме да Ве видиме како одите напред во подобра иднина која Вие ја заслужувате.

Во средината на јуни оваа година, владите на Зоран Заев и на Алексис Ципрас постигнаа историски договор во врска со проблемот со името и со тоа потенцијално го затворија спорот што се провлекуваше премногу долго. Следствено на тоа, ЕУ и НАТО го препознаа успехот и Ви упатија покани да им се придружите доколку Вие, како нација, го поддржите договорот со Грција. Вашиот Парламент изгласа одржување на Референдум на 30. септември кога Вие ќе имате можноста да ја покажете таа поддршка.

Ние на ова гледаме како на „Сега или никогаш“ момент за Вашата земја, за Вас, и за иднината на Вашите деца.

Ова е тој „Сега или Никогаш“ момент. Гласањето „за“ ќе биде глас за иднината: Вашата иднина. Тоа е Ваш избор, и Ве повикуваме да го искористите.

повеќе на  Плусинфо