Пензионири – бунтовници: Побегнале од старски дом за да одат на хеви метал концерт

од desk4
116 прегледи

  Двајца постари мажи избега од Дом за стари лица во Германија за да посетат еден од најголемите метал фестивали во светот – „Вакен опен ер“. Откако ги повикале од Домот за стари лица, припадниците на полицијата започнале потрага, која заврши пред главната сцена на фестивалот во три часот по полноќ.

Полицијата соопшти дека двајцата ворасни господини биле дезориентирани кога ги пронашле. Забавата завршила кога полицијата ги вратила во Домот.

Засега не е познато дали тие побегнале за да одат на фестивал или само таму ги одвел патот. Портпаролката на полицијата Мери Нојфелд за германските медиуми изјави дека било многу очигледно оти многу им се допаднал хеви метал концертот.