Ликовната уметница Џунова претставува артвидео во Велес

од Vladimir Zorba
157 прегледи

   Ликовната уметница Марија Џунова од Велес ќе го претставува своето артвидео на видеобим на надворешен ѕид од театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ секој вторник од 14 август до 4 септември од 19 до 19.30 часот.

На артвидеото е документиран прерформансот „Мантра за секогаш мрсни времиња за професорот и Герил Брутски“ одржан во октомври минатата година во велешко Пешти. Содржината на перформансот, наведува авторката, е палење листови од книгата „Авторски низ појавното 1-5“.

– Изложувањето на видеото на отворен простор ќе овозможи понепосреден контакт со публиката отколку негово изложување во  галерија или музеј, смета авторката Џунова.