Големиот број иселеници кои за време на престојот во родниот крај аплицирале за добивање нови лични документи предизвикува гужви во многу градови.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека ангажирале дополнителни тимови кои ќе работат и за време на викендите. Во меѓувреме, апелираат да не се чека последниот момент, туку граѓаните да аплицираат на време.
Ги следиме сите проблеми на граѓаните, па затоа Министерството за внатрешни работи ќе издава пасоши и во сабота и недела. Ангажиравме дополнителни кадри кои работат во две смени и максимално го користиме капацитетот на техничката опрема што ја поседуваме. Во овој контекст би сакал да ги повикам сите граѓани кои имаат потреба да вадат пасоши да не чекаат, туку што поскоро да се упатат кон шалтерите на министерството за да можат што побрзо и во одредениот период да добијат пасоши и други лични документи – изјави Агим Нухиу- заменик министер на МВР.
Според Нухиу, досега проблем била и старата техника која нема голем капацитет на производство на документи. Поради тоа, МВР наскоро ќе се опреми со нова опрема.
Во овој контекст сакам да кажам дека сме во последната фаза на набавка на нова техничка опрема која ќе има поголем капацитет за производство и еднаш засекогаш да немаме проблеми за граѓаните во контекст на вадење пасоши и други лични документи – рече Агим Нухиу- заменик министер на МВР.
Во сторија на Алсат вчера печалбари од Струга се жалеа на долгото чекање за добивање на патни исправи./Alsat M