На 10 август се слави Светскиот ден на мрзливоста. Се претпоставува дека се прославува повеќе од 100 години, но никој не знае точно од кога. Веројатно првите ентузијасти ги мрзело да ја запишат првата година. Мотото на оние кои го слават овој ден е: “Са имаме спокојна мрзливост и нека нашиот ум и тело бидат мрзливи во текот на целиот ден. Овој ден да не правиме ништо.” 
Црквата ја смета мрзливоста за смртен грев. Во текот на вековите, таа се сметала за привилегија на богатите. “Да не правиме ништо денес. Дозволете ни да уживаме во бескрајната мрзеливост и нашиот ум и тело да бидат мрзливи цел ден. Ова ќе биде нов поттик за духот. Запомнете дека секогаш може да биде отворен нов, уште подобар начин на неправење ништо“.
Апсолутното бездејствие на 10 август дозволува употребата на сладолед, чоколадо, освежителни пијалоци и секаква храна, која некој би ви ја донел додека сте се легнати на креветот пред телевизор или се сончате на плажа. Десетти август, исто така, е ден и кога се прави ретроспектива колку сме биле мрзеливи минатата година.
За современите луѓе, мрзливоста е движечката сила на напредокот. Кој го измислил далечинскиот управувач, ескалаторот, машината за перење, машината за миење садови или лифтот?