Руското оружје

од desk4
444 прегледи

  

 

Секој користи оружје на кое е навикнат. Дивјаците – стрели и копја, витезите – мечеви, мускетарите – флорети, војниците – пушки и митралези, модерната армија – проектили и авијација, а ние – корупција.

Еве, пресудете сами. Од 2001 година, Русија во Венецуела гради две фабрики за финална обработка и склопување „калашникови“, како и производство на соодветна муниција. На Уго Чавез за  изградба на венецуелскиот социјализам му беше неопходно огнено оружје. А како поинаку? Како да се изгради социјализам без „калашникови“?

Од руската страна во тој проект учествуваат Конструкторско биро „Кошкин“, фирмите „СУ-848“, „Ижмаш“, „Кислородмонтаж“ и само уште Господ знае колку други. Многу големи пари се вртат таму и полека, без брзање, со години се поткраднува. Ништо посебно.

Се уште се немаше исушено бетонот во камен темелникот на првата фабричка сала, еден го осудија за кражба на 7,5 милиони рубли на четири години, а втор – малку подоцна – за украдени неколку стотици илјади повеќе од една милијарда, на седум години затвор.

Тоа е само она што (веројатно) по силата на законот на физиката во овој период исплива на површина. Во текот на судскиот процес, еден сведок укажа на фактот дека во некој вид недозволена шема за изнесување пари од државата учествувала и екатериншката епархија на Руската православн црква.

Да, па што? Дали мислите дека милостивиот архиепископ од Екатеринбург ќе го остави Уго Чавез сам да се мачи и да се плетка околу своето вооружување?

Во март 2013 година, се покажа дека од вкупно планираните градежни и монтажни работи за изградба на фабриката за оружје, изведени се едвај 50 отсто, и тоа со грешки на металната конструкција, поплавени подрумски простории, пропаѓање на темелите и други неславни дефекти. На кусо, на дело е рускиот стил на работа, проследен со кражби, негрижа и пресметка од типот „па ние сме браќа; белким нема да се провериме сега”.

Неодамна на градилиштето е откриена уште една кражба од 150 милиони рубљи. Покрената е уште една кривична пријава и сторителот го чека тужба и суд.

Чавез е одамна мртов, а претседател на Венецуела стана неговиот телохранител Мадуро, кој економијата на земјата ја турна на самото дно и успешно ја доведе земјата до целосен колапс. Но, на диктаторскиот режим се уште му се потребни „калашникови“. Сега веројатно повеќе од порано. Бидејќи, како да го браниме социјализмот без „калашникови“?

А демократската опозиција во Венецуела, очигледно со аплауз ја поздравува руската корупција, таа наша национална гордост, тоа најсмртоносно оружје во борбата против социјалистичката диктатура на Николас Мадуро.

Ма какви американски санкции, дипломатски демарши или жестоки закани на револтираните политичари! Руското оружје е далеку најефикасна помош на братските диктатури за што побрзо да доживеат катастрофален пораз.