Модата во убавината се менува со брзината на светлината, а ние често го забележуваме враќањето на минатите трендови.
Ние сѐ уште се молиме дека времето на екстенциите на косата кај жените нема да се врати. Очигледно, сепак, потребите на мажите понекогаш се слични на оние на жените, особено кога зборуваме за фризури.
Така, BlueCrate Online Shop им нуди на своите маѓки клиенти можност да уживаат во машко коњско опавче без да чекаат месеци или дури години да ја растат косата.
Приборот доаѓа во три бои – руса, црна и кафеава и им овозможува на мажите лесно да го прикачат на косата. Клиповите се ставаат за неколку секунди, а позиционирањето зависи само од вкусот и желбата на човекот. Ако го купите и сепак не ви се допаѓа, имате 45 дена да го вратите.
И покрај тоа што додатокот е создаден само за мажи, може секако да се користи и од краткокоси жени кои сакаат да носат елегантна пунџа. Фото: BlueCrate

