За македонското разузунавање и контролата

од Vlatko K
85 прегледи

 По аферите со бомбите и партиското и бизнис прислушување, се покажа дека разузнвањето во Македонија е приватизирано злоупотребено и во функција на поединци а не во има на заштита на државните интереси. И однадвор и оддвнатре е посочено дека е потребнасериознза контрола. До тука се согласуваат сите. А кој може да го прави тоа без злоупотреба е потешкото шрашање.Еден од модулите е новата ОТА (Оперативно техничка агенција) која би можела ако проработи.

Следното прашање е кога  новата Оперативно техничка агенција? Беше нанјавено дека  ќе проработи од ноември , но тоа зависи од Собранието – брифираат извори во безбедносните служби. Легислативата за новото тело кое ќе ја замени УБК во делот на прислушувањето беше договорено  во април годинава, а сега се чека народните избраници да го изберат директорот. Според новиот закон, директорот ќе се бира со 2/3 мнозинство гласови, а агенцијата ќе има сопствен буџет.

Освен што се чека на изборот на првиот човек на ОТА, се уште не се дефинирани кадрите кои ќе работат со опремата, а не се соопштува ниту дали веќе е избрана локацијата на која ќе биде сместена новата агенција. Финансиските импликации од формирањето на ОТА ќе бидат познати дури откако ќе има конечна одлука за објектот во кој ќе биде сместена и откако во целост ќе се дефинираат кадрите кои ќе бидат вработени.

Од безбедносните служби не соопштуваат колкумина од Управата за безбедност и контраразузнавање ќе бидат префрлени во ОТА, но брифираат дека е можно негодување од страна на раководството на УБК доколку од нив биде побарано да се откажат од голем број екперти инженери. УБК е подготвена да отстапи неколкумина инженери за да ги обучат новите кадри, но  не и целосно да ги предадат затоа што пак УБК ке остане без кадри во кои со години вложувале. Истиот извор брифира дека, според моменталните анализи, потребно е минимум двајца инженери да заминат во ОТА.

 Оперативно техничка агенција нема да има пристап до разговорите кои се прислушуваат, туку само ќе овозможува техничко поврзување помеѓу УБК и операторите, и тоа со писмен налог од обвинител. Формирањето на оваа агенција е дел од клучните реформи за излез од политичката криза која беше предизвикана токму поради злоупотребата на УБК. Со новиот закон се даваат контролни овластувања на неколку институции, а дополнително контрола ќе врши и новоформиран граѓански Совет.

За вмешаност во скандалот со масовното прислушување отпуштени се 4 лица од Управата за безбедност и контраразузнавање, а неофицијално уште десетина сами си дале отказ. Актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во неколку наврати ја уверуваше јавноста дека повеќе не се прислушува нелегално и дека опремата за прислушување ќе остане запечатена до префрлувањето во новата ОТА.

Извори и УБК велат дека дел од опремата им е запленета како доказен материјал во судските процеси, па на тој начин и тие се  без доволно опрема за да може да работат доволно ефикасно на контраразузнавањето.

Останува неизвесно дали ќе се најде локација и кадровско решение за да новата ОТА  профункционира во најавениот рок.

ВО меѓувреме останува да виси и ефикасноста и организацијата на работата околу разузнавањето и контраразузнавњето особено неговата контрола.