Сообраќајки, кражби, апсења…

од desk4
109 прегледи

МВР Билтен

 На влезот во село Петралинци, во општина Босилово десет минути по полноќ, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Алфа Ромео“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.М. (28) од Струмица и мотоцикл на кој се превезувале две момчиња од с.Дрвош на возраст од 15 и 14 години. Во незгодата на местото починале двете момчиња. Увид извршила екипа од СВР Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите ќе бидат предадени на обдукција.

Вчера во 7 часот во село Долно Палчиште, тетовско, И.К. (54) од село Долно Палчиште, управувајќи патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во бетонски ѕид. Од ударот И.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово, од каде како итен случај во неконтактибилна состојба бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде бил задржан на лекување и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово.

Вчера во 19:40 часот на улицата „Едвард Кардељ“ во Струга автобус „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.П. (57) од село Мислешево, струшко, удрил во велосипед управуван од 11-годишно момче од Струга. Од ударот дететот се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Струга бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.

Вчера во 13:18 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од страна на вработена во Невро-хирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека на одделението починал С.М. (66) од Скопје, кој бил примен на 3 август 2018 година во 8:30 часот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. На 3 август во 3 часот С.М. пријавил дека истиот ден околу 2 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ физички бил нападнат од непознато лице при што му биле нанесени телесни повреди (модринка на левото око и расекотина на десниот образ). По преземени мерки лицето било пронајдено и било утврдено дека се работи за А.Б. (43) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и му биле поднесени прекршочни пријави по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. По целосно документирање на настанот против А.Б. ќе биде поднесени и соодветна кривична пријава.

Вчера околу 11 часот во Полициската станица Струга, П.П. (64) од село Радожда, струшко, пријавил дека од страна на малолетни деца од брегот на езерото, била извадена експлозивна направа-граната која била оставена на брегот во близина на влезот во село Радожда. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга и овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување Струга, од чија страна пронајдената граната била подигната за понатамошна постапка.

Вчера во 12:30 часот во Полициската станица Аеродром, М.М. (51) од Свети Николе (старател) пријавила дека на истиот ден во 12:20 часот на улицата „Руди Чаевац“ го пронашла 15-годишното девојче-штитеник на СОС Детско Село, кое беше пријавено за исчезнато истиот ден во 3:45 часот.

Вчера во 10 часот во Полициската станица Центар, С.Ф. (67) од Скопје пријавил дека на 10 август 2018 година околу 13 часот на Плоштад Македонија, додека управувал велосипед, бил нападнат од повеќе кучиња скитници, при што едно од нив го каснало на левата потколеница.

Вчера во 17:10 часот во казино на улица „Вангел Дину“ во Скопје две непознати лица извршиле разбојништво. Сторителите со закана со пиштол од касата одзеле околу 50.000 денари, по што побегнале во непознат правец.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.