Дали девојките што имаат повисоки момчиња се посреќни?

од desk2
117 прегледи

Ако припаѓате во групата на ниски девојки, а имате и високо момче, имаме одлични вести за вас. Имено, според новото истражување кое го пренесува порталот “Her.ie”, спроведено на 8.000 луѓе, паровите кај кои е поголема разликата во висината, генерално се посреќни.

Како што пишува “Her.ie”, тој факт постои одамна. Имено, жените генерално сакале повисоки момци, бидејќи им изгледаат како подобри заштитници и ловци, и се генерално поспособни да ги заштитат нив и нивните семејства. Сепак, изгледа дека висината е важна само во првите 18 години од врската, а потоа нејзината важност завршува, барем според ова истражување.

Дали девојките што имаат повисоки момчиња се посреќни?
Д-р Сон, кој го спровел ова истражување, за научниот магазин кој се занимава со особините на луѓето и нивните разлики, појаснил дека жените поради еволуциски причини преферираат повисоки момци.

“Сепак, не постои студија која објаснува дали жените се посреќни со повисоки момци”, додал докторот.

“Големата разлика во висината, кај паровите резултира со позитивна корелација на среќни жени”, заклучил.

Сепак, мораме да додадеме дека сме поучени од искуството на бројни познати и славни, па можеме да заклучиме дека не секогаш е ист случај кај сите парови.

Еве неколку примери кои го побиваат ова истражување. Недамнешното раскинување на паровите, како Кортни Кардашијан и Јунес Бенџим, или пак на Хајден Панетиер и Владимир Кличко. Ким Кардашијан и Крис Хамфрис исто така имале значајна разлика во висината, но исто така се разделиле после 10 дена брак.