Еден автомобил запален во Скопје

од desk4
267 прегледи

  Еден автомобил рано утринава бил запален  на улицата „Кумровец“ бр. 14 во Скопје.

Како што соопшти Територијална противпожарна единица на Град Скопје, пожарот бил локализиран во периодот од 5:06 до 5:50 часот. Интервенирале тројца пожарникари со едно возило.

Причинета е матерјална штета од 600 илјади денари.