Стотици повредени на фестивал во Шпанија, падна подиумот

од desk2
97 прегледи

На дводневниот музички и спортски фестивал во шпанскиот град Виго повредени се 266 лица, од кои пет потешко.

Имено, се урнал дрвен дел од конструкцијата на урбаниот спортски и музички фестивал во Виго.

Во моментот кога се урнала платформата, на неа имало луѓе кои гледале рап концерт на дводневниот фестивал О Марискуинио во северозападниот град Виго во Галиција.

Во инцидентот повредени се 266 лица, вели за колкалното радио регионалниот министер за здравје.

полицијата потврди дека немало смртни случаи.

Пчевидци велат дека гледачите, тинејџери, панично се обидувале да се тргнат на безбедно место, а нокои паднале во море.

Лични работи, како мобилни телефони и торби останале расфрлени по тлото.

Неколку тимови итна помош пошле до поврдените, а нуркачи се испратени во морето да проверат дали некој се удавил.

Инцидентот се случил нешто пред полноќ во неделата, за време на настапот нарапер од Мајорка, Релса Биа.

Тој преку твитер им порача на повредените да бидат силни и им советуваше на сите кои се грижат за пријателите или роднините да се обратат на организаторите на фестиваот.

Градоначалникот Абел кабалаеро рече дека инцидентот ќе биде истражен, а се уште не се знае дали причината за паѓањето на платформата е што на неа имало многу луѓе или била слаба конструкцијата.