Мнучин се заканува со санкции ако свештеник не биде пуштен

од desk4
89 прегледи

  Министерот за финансии на САД Стивен Мнучин изјави денеска дека Америка подготвува нови санкции против Турција, доколку свештеникот Ендру Брансон не биде пуштен на слобода.

 

Американскиот претседател Доналд Трамп рекол на состанокот на кабинетот во Белата куќа дека Турција „не се покажала како добар пријател“ кон САД.

Брансон во Турција е обвинет за учество во неуспешниот пуч во таа земја во 2016 година и во моментов се наоѓа во куќен притвор. Тој бил во Турција повеќе од две децении.