Црниот или белиот: Човекот кој го створи еурокремот открива кој дел е подобар

од desk2
169 прегледи

На економската пропаганда на еурокремот потрошени се најмалку десет милиони долари, а сите дилеми кој дел е подобар белиот или црниот, одговорот го дава човекот кој овој крем го донесе во поранешна Југославија.

Еурокрем мачкаа на леб сите кои живееја во поранешна југославија, ученици, војници, деца, а Јован Томовиќ е човекот кој е заслужен за него. Тој, сега има 87 години, живее во Горњи Милановац, а неговата одлука да ја купи лиценцата за еурокрем од италијанската компанија “Gandola” во 1970 година го смени животот во овој град, но и во цела Југославија.

„Стотици милиони палачинки се намачкани со еурокрем“, вели Томовиќ.

Но, се распадна таа земја, а и сегашниот еурокрем не е како стариот.

„Кога во некоја стручна лабораторија би се анализирал овој производ, ќе се види дека нема врска со оној еурокрем од пред 30 години“, тврдо Томовиќ.

На прашањето кој е подобар дел, белиот или црниот, Јован Томовиќ вели:

„Црниот дел е посодржаен и поквалтитетен од белиот“.