Ибрахимовиќ загуби 21,7 милиони евра поради неговиот моден бренд

од desk2
115 прегледи

Норвешката компанија „Варнер Груп“ објави дека ја прекинува соработката со фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, кој работеше на модната линија „А-З“. 

Според „Nettavisen“, веќе две години брендот направил загуби од 21,7 милиони евра.

Облеката од колекцијата „А-З“ се продаваше на територијата на 11 земји во Европа.

Минатата година, марката имаше пораст во финансиските остварувања, но тоа не беше доволно за да продолжи инвестицијата.