Останале без државјанство, оти не сакале да се ракуваат со лице од спротивниот пол

од desk2
93 прегледи

На муслиманска брачна двојка и е одбиено барањето за швајцарско државјанство, бидејќи одбиле да се ракуваат со лице од спротивниот пол за време на интервјуто. 

Во образложението за одбивањето на барањето, се наведува дека со тоа мажот и жената одбиле да се интегрираат во швајцарското општество и да го испочитуваат спротивниот пол.

Одговорните службеници навеле дека лицата кои сакаат да добијат швајцарско државјанство мора да бидат добро интегрирани во швајцарското општество и да покажат приврзаност кон Швајцарија.