Трамп: Премиерот на Израел ќе се вика Мухамед ако не го решите спорот со Палестина

од desk2
100 прегледи

 

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно на јорданскиот крал му рекол дека ако не се реши израелско-палестинскиот спор, Израел ќе има премиер што се вика Мухамед.

Таа наводна изјава на Трамп синоќа ја пренесе израелскиот ТВ Канал десет, опишувајќи ја како саркастична и полушеговите, со напомена дека содржи маклу вистина.

ТВ Каналот наведе дека изјавата ја потврдиле еден израелски и еден поранешен американски службеник кои се известени за тој состанок во Белата куќа, пред неколку недлеи, но дека Белата куќа и амбасадата на Јордан одбија да коментираат.

Новинарот на Канал 10 цитира неименувани француски дипломати како извори и наведува дека оцената на американскиот претседател, јорданскиот монарх ја пренел на францускиот министер за надворешни работи Жан -Ив ле Дријан со кој се состанал на 2 август во Анам.

„Многу млади Палестинци не сакаат решение по модел на две држави туку сакаат да живеат заедно со Израелците во една држава со еднакви права за сите. Резултатот би бил Израел да го изгуби својот еврејски карактер“, вели наводно Абдула пред Трамп како што му е пренесено на шефот на француската дипломатија.

„Оба што го велите има смисла (во сценариото за една држава) премиерот на Израел за неколку години ќе се вика Мухамед“, одговорил наводно Трамп.

Во текот на разговорот кралот наводно апелирал до Трамп уште еднаш да го претстави својот мировен план затоа што има тешкотии и нема потреба да се брза.

„Сакам напредок во мировниот договор затоа што ако мојата администрација не може да го постигне, ни една нема да биде во состојба тоа да го направи“, одговорил Трамп.

Монархот се пожалил дека не го видел тој план ниту тој, ниту некој во Европа.

Според него, за да биде прифатлив мора најпрво да биде претставен пред релевантни европски и арапски држави, а тоа уште не се случило.

Три четвртини од 8.8 милиони жители на Израел се евреи, но затоа исто толку неевреи живеат во Израел, на Западниот брег и во појасот Газа, наведуваат израелските медиуми.