Винона Рајдер мисли дека е во брак со Кијану Ривс веќе 26 години

од desk2
413 прегледи

 

Актерите Винона Рајдер и Кијану Ривс го промовираат новиот филм “Destination Wedding”, но во најновото интервју за “Entertainment Weekly” актерката откри дека тие двајца се во брак.

Имено, во култниот филм „Дракула“ од 1992 година ги венчал вистински свештеник и Винона мисли дека е мажена за Кијану веќе 26 години.

„Во „Дракула“ всушност се венчавме. Режисерот Френсис Форд Копола за потребите на филмот ангажираше вистински романски свештеник и мислам дека од тогаш сме правно со брак“, вели актерката.

Информацијата го изненади и самиот Ривс, кој призна дека никогаш така не размислувал.

„О, Боже, па ние се венчавме“, прокоментира шокираниот актер.

Секако, интервјуто помина на шеговит начин.

Винота е во долгогодишна врска со дизајнерот Скот Мекинлај Хан, а Кијану во 200 година се разведе од актерката Џенифер Сајм, со која беше во брак две години, и моментално е сам.