Следните неколку години може да бидат многу топли, покажува најновото истражување спроведено врз основа на мателматички модел.

Истражувачите развиле математички модел кој предвидува колку просечната глобална температура на површинскиот воздух ќе варира во текот на следните неколку години, а резултатите покажуваат дека од 2018 до 2022 година може да доживееме пораст на екстремни температури, пренесе BBC.
Загревањето предизвикано од ослободување на гасови како јаглерод-диоксид не се зголемува со стабилна брзина.
На почетокот на 21 век, научниците истакнаа дека постои пауза во загревањето, но неколку анализи покажаа дека пет најтопли години следат по 2010 година. Тоа варирање од година во година не влијае на долготрајниот тренд на зголемување на температурата.
Сега, новиот модел на предвидување на глобалните температури укажува дека следните неколку години ќе бидат потопли од што се очекуваше.
Место да користат вообичаени техники на симулирање на клима, Флоријан Севелек, од Националниот центар за научни истражувања во Брест, и Сибрен С. Драјфут, од Универзитетот во Саутемптон, осмислија статистички метод за пребарување низ симулациите на климатски услови во 20 и 21 век и бараа ситуации слични на денешните.
Тимот потоа користеше климатски аналогии за да предвиди можност која ја носи иднината.
Високите темепратури кои се предвидени за следните години ќе следат поради малата веројатност за настап на исклучително студени периоди.
Сега алгоритмот е научен, а процесот трае неколку минути, предвидувањата се прават за неколку стотинки на лаптоп. Во споредба со тоа, на суперкомпјутерите им се потрбни неколку недели кога користат традиционални методи на симулација на клима, пренесе BBC.