Жена истури фекалии на зградата на владата на Хрватска

од desk2
128 прегледи

 

Инцидент пред зградата на владата на Хрватска – една жена истурила канта со измет, јавија хрватските медиуми.

Полицијата ја внесе жената внатер, а при тоа таа не рече ништо.

Во моментот трае чистење на фекалиите пред зградата на владата.

Жената носела маица на која пишувала „Ве обвинувам, господа“, со фотографија од Синиша Главашевиќ. Потоа, без противење, на полицаецот кој таму стоел му дала лична карта, а тој ја внесол внатре.

Неодамна, по смртта на Матео Ружиќ, незадоволни граѓани со јајца го гаѓаа влезот на Министерството за здравство. Таа акција ја организираше партијата Слободна Хрватска.