Пинк прекина концерт за да прегрне девојче

од desk2
102 прегледи

 

Една од најголемите поп ѕвезди на денешницата Пинк, на својот концерт во Бризбен направи неочекуван потег кога го прекина концетот поради фан во публиката.

Имено, 14-годишно девојче во рацете држело транспарент на кој пишувало: „Моето име е Ли и имам 14 години. Минатиот месец ја изгубив својата прекрасна мајка. Би сакала да ме прегрнеш… Те молам…“ Таа на концертот на Пинк требало да оди со својата мјак која за жал, починала пред концертот.

Пинк била толку трогната од тоа што го видела, па прво на глас го прочитала транспорентот,, и се симнала да го прегрне девојчето.

„Многу плачев, а потоа Пинк ми рече: немој да плачеш, многу си убава, се ќе биде добро“, вели девојчето по концертот.

Бидејќи пинк и самата е мајка на две деца, не е ни чудо што толку ја трогна пораката на младата девојка, која прерано останала без мајка.