Ранет полицаец во Москва, убиен напаѓачот

од desk2
93 прегледи

Вооружен маж отвори синоќа оган врз полицајци во центарот на Москва, и притоа рани еден полицаец.

Според рускиот Истражен комитет, „маж отворил без причина оган врз полицајци кои биле на служба и минувале крај него во близина на Министерството за надворешни работи“.

https://www.youtube.com/watch?v=9vrxSO2W4q4

Полицајците одговориле на огнот, го раниле напаѓачот кој починал од повредите во болница. Нападнатите полицајци се дел од полк на специјалните сили кои се задолжени за обезбедување на странски дипломатски мисии во Русија.

*Внимание! Видеото може да ве вознемири

https://www.youtube.com/watch?v=FOeQ2tjjK4Y