Изгледа дека дефиницијата за убавина е преземена од физичките и материјалните стандарди. Но според едно ново истражување, убавината е чувство а не начин да се опише физичкиот изглед на некој.

За истражувањето научниците ги анализирале учењата и инспирациите на неколку разни филозофи – од Платон до Оскар Вајлд. Анализата покажала дека убавината е чувство на задоволство, а кога се зголемува чувството за убавина се зголемува и задоволството. Убавината е нешто емоционално и нешто опипливо. Постои убавина во реакцијата на моментот, но и во самиот момент. Убавината е нешто што може да се чувствува цел ден, секој ден. Но, потребно е вие да ја направите таа конекција. Погледнете како да се чувствувате убаво без разлика каде сте и кои сте.
1. Одвојте време за медитација
Секогаш кога сте присутни во сегашниот момент, затворете ги очите и дишете. Вдишувајте длабоко. Обидете се да ја исклучите вревата околу вас и фокусирајте се само на вашите чувства. Препознајте ги, почитувајте ги и продолжете го денот со благодарност.
Медитацијата, дури и само неколку минути дневно, е одличен начин да изградите емоционална стабилност и да го зголемите внатрешното задоволство. Односно, колку почесто ги проверувате вашите емоции, толку полесно ќе ги идентификувате нештата што ве прават среќни.
2. Користете ги умот и рацете за нешто креативно
Доколку пишувате, цртате или правите што било креативно , сигурно знаете колку добро се чувствувате потоа. Овие активности се можеби најдобриот начин да направите да се чувствувате убаво. Цртањето, пишувањето и сликањето можат да ја зголемат креативноста, самодовербата и чувството на убавина.
3. Живејте автентично
Сигурно уште од мали ве учеле да бидете свои, но понекогаш чувствувате како да треба да се вклопите во некој шаблон. Ова воопшто не е вистина и колку поавтентично го живеете вашиот живот, толку поубав ќе ви биде секој ден. Автентичноста започнува со свесноста за себе, а ова значи да не се плашите да го покажувате вашето вистинско лице пред сите. Нештата што ги гледате како добри или лоши треба да ги споите и да ги прифатите.