Илoн Маск, ќе го слуша Управниот одбор и ќе се откаже од идејата да ја приватизира Тесла. На одлуката му влијаеле повратните информации од инвеститорите, од кои мнозинството наводно го молат да не го прави тоа.

„Со оглед на повратните информации кои ги добив, очигледно е дека мнозинството акционери во Тесла веруваат дека е подобро да останеме јавна компанија“, истакнал Маск по состанокот со бородот на директори во тесла, пренесе Б92.
После хаосот што го предизвика со својот твит дека сака да ја приватизира Тесла и дека за тоа има обезбедено средства, неколку инвеститори го обвинија Маск дека манипулира со акциите, што е спротивно на законот, па покрената е и истрага.
Маск се огради од било каква одговорност во врска со случувањето на пазарот и повтори дека и понатаму мисли дека постојат повеќе од доволно срества да се откупи Тесла, а во меѓувреме комосијата и понатаму проверува дали намерно шпекулирал.
Тесла.Инц има рекорден минус од 717,5 милиони долари во последниот квартал.