Иако општините во Република Македонија во голем процент не се транспарентни, според податоците на локалните и меѓународните институции кои ја следат работата на општините, има случаи каде некој дури и ја злоупотребувата алатката за транспарентност а тоа е нивниот веб сајт, пишува новинската агенција на албански јазик Журнал.

Иако општинските веб сајтови се официјални сајтови за општините да објавуваат информации во интерес на граѓаните, годишните планови, планираниот буџет, јавните набавки и слично, општина Сопиште како што објави новинската агенција на албански јазик Журнал рекламира комерцијални продукти, чаеви и лекови.
За да биде покомична целата ситуација, рекламниот банер се поврзува со Фејсбук страната на продавачот на продуктите.
